Убавина

Златна маска за лице која подмладува

Легендата вели дека Клеопатра, својата убавина ја зачувала и негувала токму поради тоа што преспивала со златна маска.

Јапонската козметичка компанија “Umo Inc” претстави третман за лице кој е од чисто злато, за кој од компанијата даваат гаранција за исчезнување на брчките и подмладување на кожата.

Третманот трае од еден до два часа, во зависност од типот на кожата, а ова задоволство ќе ве чини 170 долари за час. За ефикасноста на оваа маска се изјасниле повеќе жени кои ја пробале. Тие велат дека најпрво почувствувале топлина, а потоа уживале во третманот кој навистина ги “избришал” брчките.

Напиши коментар