Ако ви е досадно да пиете обична вода, пробајте нешто поинакво, кое не содржи калории и има многу здравствени придобивки – вода со лимон.
Ја прочистува кожата
Ова е една од најдобрите причини да пиете вода со лимон. Водата ги одстранува отровите надвор од ткивата и ја одржува кожата чиста, а додадениот витамин Ц дополнително помага за прочистување на отровите од крвта.
Ги намалува килограмите
Лимонската вода го засилува метаболизмот и се бори со чувството на глад, на тој начин придонесува за намалување на килограмите и за витка фигура.
Помага при мамурлук
Чаша топла вода со сок од лимон ја лекува главоболката и истовремено го смирува желудникот. Конзумирањето на топла лимонова вода има антисептично дејство, кое го детоксицира организмот по конзумирање на големи количини на алкохол.
Го освежува здивот
Лимонската вода е многу ефикасно средство за освежување на здивот, особено по јадење на зачинета храна и пушење цигари.
Го стимулира мозокот и нервниот систем
Лимонската вода содржи многу калиум. Пониските нивоа на калиум се поврзани со појавата на депресија, анксиозност и брзо заборавање. Аскорбинската киселина во лимонот обезбедува отпорност на организмот кон стрес.