Спорт

10 Комплименти кои мажите сакаат да ги слушнат од жените

Како да го соборите рекордот во освојување на машкото срце, ни открива атлетичарот Емир Бекрич

1. Горда сум на тебе. Важно ми е девојката да го цени и почитува тоа што го правам и да учествува во моите успеси. И да го кажува тоа кога е потребно.

2. Духовит си. Сакам да се забавувам, шегувам, прифаќам шеги на моја сметка, така што сметам дека секој маж сака да слушне од својата девојка дека е духовит.

3. Ми пружаш сигурност. Иако сè уште се сметам за млада личност, без големо искуство, верувам дека навистина е важно жената да се чувствува сигурно и заштитено покрај нејзиниот маж и да знае дека може да се потпре на неа за сè. Дали се работи за отварање на тегла со пиперки или шипе вино, земање на гардероба од хемиско, средување на куќата или нешто посериозно.

4. Добро изгледаш. Верувам дека на сите им годи кога партнерот им вели дека добро изгледаат, па истото важи и за мене. Со спортување доаѓа и здраво тело и добар физички изглед, а она што го сакам е секогаш да изгледам свежо.

5. Имаш стил. Важно е жената да го поддржува стилот на облекување, начинот на говор, манирите кои ги поседува мажот и тоа јасно му го кажува.

emir-bekric-foto-dado-dilas-1388310489-419609

6. Даваш корисни совети. Ми се допаѓа кога девојката бара совет од мене за нешто што неа ѝ е важно. Тоа дополнително ми покажува дека таа се грижи за мене и дека ѝ е важно моето мислење.

7. Многу ми значиш. Мажот сака да слушне од својата девојка/жена благодарност за нешто што направил, дури и ако е некоја ситница. Сакаме кога нашиот труд не поминува незабележано, инаку помаллку ќе се трудиме.

8. Оригинален си. На сите им годи кога некој ќе им каже дека се оригинални, иновативни, посебни.

9. Ти си вистински пријател. Ми се допаѓа кога девојката ме смета и за пријател, но и на мене ми е важно за неа да го чувствувам истото. Тоа е здрава основа за добра врска.

10. Те почитувам. И тоа е взаемно. Ова можеби на прв поглед не е класичен комплимент, но за мене е една од најважните вредности во однос помеѓу две лица, и во врските и во пријателството.

Напиши коментар