1. Без разлика колкава е вашата соба, секогаш постојат начини како најдобро да го искористите просторот. Пред вас се неколку трик совети…
2. Смалете ја големината на креветот, сите сакаат кралски кревет, но дали навистина ни треба???3. Тргнете го масивните и големите ормани. Големите ормани земат голем дел од вашата соба, затоа се препорачува кревет во кој е вметната фиока за остава. Организирајте ги орманите, така што ќе го искористите вертикалниот простор, односно орманите да се наместат повисоко на ѕидовите.
4. Користете мулти – функционален мебел, на пример кревет на отворање.
5. Поставете поголеми огледала
6. Отстранете го телевизорот или друга бела техника од спалната соба, гледањето телевизија во спална соба не се препорачува.
7. Користете монохроматски бои. Ѕидовите и мебелот нека бидат во слична нијанса на боја. Се препорачуваат светли бои, темните бои го затвораат просторот.
8. Малите соби треба да имаат нежно осветлување. Светло покрај креветот визуелно ќе ја зголеми собата. Поставете ѕидни светилки и избегнувајте подни светилки.
9. Ако сакате полици тогаш тие нека бидат стаклени или транспарентни.
10. Покривачот на креветот нека биде со светла боја и нека паѓа на сите страни на креветот.