Дестинации

10 најефтини градови за млади туристи

Американската ABC News анализирала кои европски градови се најисплатливи на скромниот буџет на младите туристи.

Најефтин европски град за патниците е Букурешт, кој дефинитивно не е најубав град во Романија, во него може дневно да се промине со 24 долари отрпилика, наведува американската телевизија.

На второ место се наоѓа Софија, која е оценета како многу пријатен град кој нуди добредојде на странските туристи и во кој дневно ќе ви бидат потребни 24,43 долари.

Трет најефтин град е полскиот Краков, кој како што велат мора да го посетите пред да ја подигне цената како во Прага и Будимпешта. Во Краков денот можете да го поминете со 25,05 долари.

Следен на листата е Сараево каде дневните трошоци се движат помеѓу 25 и 26 долари со вклучени три ефтини пива. Велат дека Сараево е уште еден убав град кој пробува да привлече туристи.

Петти на листата е Киев, каде може да се помине денот со 26 долари иако е снаоѓањето во него е отежнато за туристите, бидејки не знаат руски или украински.

Шестото место со исто така 26 долари за ден го зазема летонската престолнина Рига, каде хостелите се посебно поволни.

На седмо место се наоѓа Белград каде можете да најдете многу атракции за кои се плаќа влез и интересен ноќен живот со примамливи цени. Во Белград потребен ви е буџет од 27 до 30 долари.

На осмото место е Варшава, за кој е доволно 35,78 долари за ден. Полската престолнина станува се попопуларна иако бројните туристи го бираат Краков.

Деветото место припаѓа на Загреб, каде туристите често го заобиколуваат за да ги посетат популарните градови на хрватското приморје. За Загреб се потребни околу 38,95 долари дневно, што е прилично ефтино за европските стандарди.

Последен на листата е словачката престолнина Братислава, од која скоро може пешки да се отиде до Виена и во кој еден ден чини околу 40,79 долари.

 

Напиши коментар