Совети за тоа како треба да го подобрите вашиот дуx и тело. И верувајте, никогаш не е доцна да се започне.
- БИДЕТЕ РЕАЛНИ
Можеби ви делува како добро решение да започнете со строга и брза диета сега, но кога ќе почнете повторно да јадете нормално, изгубените килограми повторно ќе ги вратите. Наместо строга диета, внесете малку промена во исхраната и постепено спроведувајте ја истата.
- ХИДРАТАЦИЈАТА Е МНОГУ ВАЖНА
Истражувањата покажале дека млекото е поделотворно за хидратација, по вежбањето, отколку водата. Млекото обезбедува течности и елеткролити и го надокнадува она што е изгубено преку потта. Напијте се една чаша помалку маслено млеко или земете мешавина од свежо овошје и јогурт.

- ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ ЈАЈЦА
Една ново истражување покажа дека јајцата содржат високо ниво на витамин Е, селен и 70 проценти повеќе витамин Д. Покрај тоа, тие содржат помалку заситени масти и помалку калории.
- ЕДНОСТАВНИ ТРЕНИНЗИ
Едноставни фитнес програми во кои единствено го користите вашето тело и за кои се потребни малку опрема и лесни за секого.

- ЧОКОЛАДО
Постојат многу податоци кои укажуваат на здравото дејство на чоколадото. Но, имајте во предвид, дека тоа е меч со две острици. Јадете најмногу два реда чоколадо дневно.
- ОДЕТЕ НА МАСАЖА
Неуролозите докажале дека масажата на мускулната маса го намалува хормонот на стрес, како што е кортизолот, и поттикнува производство на серотонинот, кој се поврзува со доброто расположение.

- ПЕЈТЕ
Многу истражувања дошле до истиот заклучок, дека пеењето го подобрува расположението. Пуштете некоја весела песна која навистина ја сакате, пејте гласно и не размислувајте дали некој ќе ве чуе.
- ПОМОГНЕТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ЗА ДА СИ ПОМОГНЕТЕ И НА САМИТЕ СЕБЕ
Дефинитивно има позитивно влијание на лицата кои го применуваат тоа. Не мора да биде тоа голема работа, за која ви е потребно многу време, бидејќи многу ќе ви бидат благодарни и за мали нешта.

- ПРЕСТАНЕТЕ ДА ПУШИТЕ
Ова е една од најважните работи кои треба да ги направите доколку сакате да го подобрите вашето здравје. Постојат безброј причина поради кои треба да го оставите пушењето. Доколку се почитувате и се сакате, ќе го направите тоа.
- САМО 20 МИНУТИ ПРОШЕТКА
20-минутната прошетка, три пати неделно, и ќе ја почувствувате разликата. Дури и да не вежбате, ќе се чувствувате поведро и подобро.
