Направете ја божиќната трпеза покреативна. Рецептот е за венец од кифлички полнети со виршла. Звучи интересно, зар не?
Што се ви треба:
- тесто за кифли
- 24 мини виршли
- едно јајце разматено
- за декорација: рузмарин и машничка
Прво направете го тестото за кифлички. Откако ќе нарасне тестото, поделете го на 24 мали топчиња. Топчињата треба да бидат со еднаква големина. Секое топче развлечете го со сукало во правоаголна форма, ставете една виршла и завиткајте како кифличка. Откако ова ќе го направите со сите парчиња, наредете ги во круг, во тавче за печење, обложено со хартија за печење.
Премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 Целзисусови степени, околу 20 минути. Откако ќе биде испечен венецот, оставете малку да се подолади, па потоа во внатрешноста ставете рузмарин, а врз него ставете една декоративна новогодишна свеќа.