ШоуБиз

Даниел и Жељко утре со концерт во Охрид!

Нашиот финалист во популарното шоу „X-Factor“,  Даниел Кајмакоски, утре (19-ти) ќе има настап пред своите фанови во Република Македонија. Со него ќе настапува и Жељко Јоксимовски!

Тој ќе биде дел од концертот на својот ментор од шоуто, Жељко, кој ќе одржи концерт во Охрид. Неговиот концерт е дел од богатата програма за одбележување на Богојавленските празници во Охрид.

– Многу се гордеам што можам да ви кажам дека конечно ќе настапувам во Македонија, напиша Кајмакоски на својот FB профил.

Write A Comment