Мојата кујна

Готвењето  морски плодови со лимон е добитна комбинација. Лимонот се користи за приготвување риба, меѓутоа секогаш е добра комбинација за порција ракчиња

Потребно е:

  • 400 гр исчистени ракчиња
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 коцка путер
  • изрендана кора и сок од два лимони

Подготовка: Замрзнатите ракчиња, одмрзнете ги и ставете ги во чинија. Посипете ги со малку маслиново масло, сол и бибер. Измешајте ги и наредете ги во тавче за печење, во еден слој, да се печат 6-8 минути во рерна загреана на 200 целзиусови степени.

Сварените тестенини, исцедете ги, зачувајте една шолја од течноста и во нив ставете ги сокот и кората од лимонот. Зачинете со бибер, ставете една коцка путер и уште додека се топли ставете ги печените ракчиња. Сето измешајте го и сервирајте

Write A Comment