Здраво тело

Со чај од камилица до подобро здравје!

Истражувачите од Јапонија и Велика Британија дошле до сознанија дека со консумирање на камилица може да се помогне во спречување на компликации предизвикани од дијабетесот.

Сознанијата се базираат на експерименти во кои екстракти од камилица им биле давани на стаорци заболени од дијабетес во период од 21 ден. Стаорците кои добивале додаток од камилица покажале значително намалување на нивото на глукоза во крвта. Екстрактот исто така се покажал како ефикасен во инхибирање на некои ензими поврзани со развој на компликации од дијабетес. Некои од компликациите од дијабетес, се и губењето на видот и оштетувања на нервите и бубрезите.

 

Напиши коментар