Потребно е:
- 500 гр компири
- 5 лажици масло за јадење
(солило со оцет):
- 1 лажица оцет
- 2 лажички сол
Подготовка: Компирите излупете ги и исечете ги многу тенко. Ставете ги во голем сад и прелијте ги со ладна вода. Оставете ги да отстојат 1 час.Рерната загрејте ја 230 целзиусови степени. Исцедете ја водата од компирите и со кујнска крпа убаво избришете ги за да не бидат ни малку влажни. Земете едно тавче и обложете го со хартија за печење. Наредете ги компирите во еден слој, никако да бидат преклопени. Попрскајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во загреаната рерна, околу 15 минити, додека да бидат поруменети и крцкави. Откако ќе ги извадите ќе ги прелеете со оцетот и солта.
