Мојата кујна

Шпагети со карбонара сос

Потребно е:

  • 400 гр сланина
  • 1 пакетче лингвини
  • 1 главица кромид – ситно исечкана
  • 8 чешниња лук – исечкани на кришки
  • 1 чаша бело вино
  • 1 чаша вода
  • 4 јајца
  • 400 гр рендан тврд кашкавал
  • 1 китка свеж магдонос, ситно сечкан
  • сол, бибер

 

Подготовка:

Сланината исечкајте ја на поголеми коцки, затоа што во текот на пржењето ќе се намали нејзиниот обем. Во тавче загреано на средна температура, ставете ја сланината да се испржи. Таа ќе биде готова кога маснотијата ќе се стопи и ќе остане само делот со месото. Кога ќе се испржат, извадете ги парчињата сланина на кујнска харрија да ја впијат маснотијата. Сварете ги лингвините во солена и зовриена вода. Во истото тавче во кое се пржеше сланината, ставете ги лукот и кромидот да се испржат на малку масло. Мешајте ги додека да се зацрвенат и да добијат златно-кафена боја. Тогаш, извадете ги и нив со помош на лажица-решетка и ставете ги со сланината. Во тавчето ставете го виното за да го деглазира (не се доближувајте многу, затоа што ќе поче да прска). Со жица за матење мешајте за да се одлепат сите залепени вкусови на тавчето. Ставете ја водата (или супата) и вратете ги во тавата сланината и зеленчукот. Измешајте ги јајцата со кашкавалот и магдоносот. Смесата прелијта ја врз топлите тестенини и убаво измешајте.

2 коментари

Reply To boza Cancel Reply