Мојата кујна

Направете грне од соја, праз и печурки

Потребно:

  • 100 грама Кашкавал
  • 100 грама Шампињони
  • 100 милилитри суво бело вино
  • малку сол
  • 400 грама соја
  • 1   праз
  • 3   пиперка/ки
  • малку мешан зачин
  • 2 лажици Масло
  • малку магдонос
  • малку мала лажица бибер

 

Подготовка:

Сојата се вари, потоа се процедува. исечканиот праз и сувите пиперки се запржуваат во загреано масло, и им се додаваат на печурките, сојата, црниот бибер и црвениот пипер.

Се потураат со белото вино и се оставаат да крчкаат на тивок оган додека виното не испари. Потоа се посипува ренданиот кашкавал, и се запекува во рерна 3-4 минути на 200 степени додека кашкавалот не се растопи.

Се вади за малку и се посипува со малку магдонос и се остава уште една минута во рерната.

 

 

Write A Comment