Спорт

Во Индијан Велс, за првото место ќе играат Ѓоковиќ и Федерер

Оваа година за титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс, ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. 

Ѓоковиќ по речиси два ипол часа игра го победи Изнер со 2:1 (7:5, 6:7, 6:1). Српскиот тенисер во вториот сет два пати сервираше за победа, но Изнер успеваше да се одбрани и на крајот во тај брејк да го освои вториот сет.

Претходно, Федерер со 6:3, 6:1 го совлада Долгополов. Украинецот беше рамноправен ривал само во првите шест гема, односно до резултатот 3:3. Во продолжение на мечот Федерер на противникот му препушти само еден гем и забележа рутинска победа.

Ѓоковиќ во Индијан Велс ќе го одигра првото финале во 2014, додека Федерер ќе игра во своето второ финале, тој минатиот месец ја освои титулата во Дубаи.

Напиши коментар