man fashion

Дизајнерите на Бентли и Ролс Ројс, направија и часовници!

Дизајнерите на автомобили Роберт Силкстон и Енди Шо одлучија да им покажат на Швајцарците како се прават часовници во Британија. Токму затоа измислија два модела, Britannic и Vanguard Precision кои доколку би биле автомобили овие часовници би биле Bentley и Rolls Royce.

И така изгледаат, а тоа не нѐ чуди бидејќи фабриката која ги изработи овие модели создава механички делови за Rolls Royce.

Внатрешното куќиште на машката димензија крие механичко срце во коешто чука механизмот за самонавивање IND-ETA 2428. Навистина, станува збор за швајцарки патент, меѓутоа куќиштето на часовникот го држат британски завртки.

Спаковани се во врвен челик кој нe рѓосува (spark eroded, wire machined 316), а на раката се закопчуваат со рачно изработено кожно ремче. На задниот дел на секој од 15 примероци на Britannic часовник е напишано Британското лого на информатичкото Министерство

 

images_statii_trendovi_gordosta-na-britanija-statija

Напиши коментар