man fashion

Мажи еве што мора да имате во плакарот

Како што за жената се знае, така и за мажот постојат одредени правила што мора да поседува во својот плакар и кои парчиња облека секогаш мора да му се достапни.

  • Елегантно палто: Едноставен крој, најчесто се препорачува во црна боја.
  • Спортска јакна: Еднобојна спортска јакна може да се комбинира на многу начини. Во никој случај немојте да користите шарена спортска јакна и шарена спортска маица.
  • Бела кошула: Идеална за одело, а одговара и со фармерки. Кошулата е израз на машката елеганција, секој маж треба да има повеќе кошули и тоа разнобојни. Белата кошула со долги ракава е основа на машката елеганција. Создадена е за комбинација со одело, но и со фармерки, па дури и со кратки пантолони до колена ако сакате шик изглед.
  • Вратоврска: Секогаш во мода, но моментално се носат танки и најчесто во црна боја. За оние похрабрите препорачуваме вратоврска во различни бои. Иако е знак на сериозност, постојат и комбинации во кои вратоврските изгледаат симпатично и забавно.
  • Одело: И црното и сивото одело ви се најдобар избор. Можете да го комбинирате со маица или кошула со разни модни додатоци. Доколку не знаете за која боја да се одлучите, секогаш можете да комбинирате со црна боја.
  • Сако: Класичното црно сако мора да го има секој маж. Иако асоцира на строг деловен изглед, се комбинира во многу варијанти. Идеален избор се фармерки и патики.

Напиши коментар