Потребно:
- 200 грама Сирење
- 25 грама Ореви
- 100 грама Киви
- 400 грама Грозје
- 100 грама Банана
- 1 грама Ананас
- 100 грама Јагоди
Подготовка:
Извадете ја внатрешноста од секоја половина ананас. Извадените парчиња ананас иситнете ги и префрлете ги во поголем сад.
Додадете го остатокот од овошјето. Овошјето префрлете го во издлабените половини од ананасот. Во помал сад измешајте ги сирењето и оревите. Додадете ги на врвот на салатата сервирана во оригиналниот сад направен од кората од ананас.
