Убавина

Задолжително отстранување влакненца над усниците!

Депилацијата на влакненцата над устата е нешто што мора секоја жена да го направи и да не си дозволи запуштање и преголеми бркови.

Прочитајте дали правилно ги отстранувате влакненцата и ако во некој чекор грешите, ќе треба да се исправите!

  • Пред да започнете со депилација, осигурајте се дека вашата кожа е сува и чиста. Не треба да користите никаква пудра, лосион или крем ако планирате да се депилирате.
  • Затоплете ги лентите. За подобра и поефективна депилација, затоплете ги лентите со помош на рацете. Така восокот подобро ќе се распространи по кожата.
  • Разделете ги лентите внимателно.
  • Залепете ја лентата на местото каде што сакате да се депилирате. Не ја оставајте лентата залепена подолго од неколку секунди, затоа што потешко ќе можете да ја одлепите.
  • Затегнете ја кожата и повлечете ја лентата во правец спротивен на растот на влакната.
  • Повторете ја постапката ако е потребно. Потоа употребете го влажното марамче кое го има во сите опаковки со ленти за депилација. Со него ќе ги отстраните остатоците од восок и ќе ја смирите кожата.
  • Можете да употребите една иста лента повеќе пати.
  • Никогаш не се депилирајте на лицето после туширање.
  • Не употребувајте лосион, сапун или алкохол за да ги отстраните остатоците од восок. Можете да употребите бебешко или маслиново масло за да го направите тоа.
  • Не се изложувајте на сонце веднаш по депилација.

Write A Comment