Мојата кујна

Посна Реформ торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*120гр шеќер

*120гр мед

*200мл кисела вода

*150гр мелени ореви

*2 реда посно чоколадо

*1 ванила

*1 лажиче сода бикарбона

*брашно за замесување на тортата

ЗА ФИЛОТ:

*250гр шеќер

* 250гр мелени ореви

*2 реда посно чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Чоколадото истопете го, измешајте го со сите останати состојки и замесете тесто, кое не смее да биде ниту премногу тврдо, ниту премногу меко.

Од подготвеното тесто испечете четири кори.

Во истопен шеќер додадете 2 реда чоколадо и 250гр ореви, се добро измешајте и со тој фил филувајте ја тортата.

По желба, последната кора можете да ја полиете со истопено чоколадо.

Тортата треба да отстои еден ден, пред послужување, за да омекне.

Write A Comment