Вереничкиот прстен се носи цел живот, тоа е безвременско парче накит кој го отсликува стилот и карактерот на жената која го носи, но не можеме а да не споменеме дека, како и во сите свери на модерниот живот, и во светот на накитот постојат трендови и тенденции кои се менуваат од година во година и кои ги диктираат правците за дизајн и изработка инспирирани од модата, уметноста и светот на културата. Изборот на веренички прстен секогаш претставува вистински предизвик.
За 2014, дизајнерите се потрудија да ги зачинат традиционалните форми со необични камења или неочекувана комбинација од материјали и да внесат свежина и боја.
Ви ги претставуваме 5-те најинтерсени трендови за 2014. кога се вереничките прстени во прашање.