Мојата кујна

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 чаши шеќер

* 3 чаши брашно

* 3 мали јогуртчиња

* 1 лажиче сода бикарбона

* ½ чаша масло

* 3 лажици какао во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Прв чекор: Смесата треба добро да се измати додека не стане мазна. Се пече на 200 степени околу половина час. Се остава да се излади пет минути, а за тоа време се подготвува сирупот со кој се полева колачот.

Втор чекор: Сирупот се вари. Се варат сите состојки додека не се добие изедначена смеса.

СИРУП:

* 10 лажици шеќер

* 17 лажици млеко

* ½ маргарин

* 3 лажици какао во прав

Колачот исечете го на коцки и врз него додадете го сирупот, најпрво каде што сте го пресекле, а потоа низ целиот колач. Оставете го колачот добро да упие од сирупот околу половина час.

 

Напиши коментар