Здраво тело

3 едноставни трикови кои ќе ви помогнат во борбата против комарците! Кој би рекол дека и бананата помага!

Ако нешто може да го расипе уживањето во летните вечери на отворено, тогаш се тоас напорните комарци. Но, за заштита од убод од комарец воопшто не мора да трошите пари и да купувате скапи производи, наместо тоа послужете се со овие едноставни трикови и заштитете се на природен начин.

Банана

Многумина не знаат дека бананата може да биде корисна и за заштита од комарци. Отакако ќе изедете банана, со внатрешната страна од кората намачкајте ги рацете и нозете. Тоа ќе ве заштити од комарците.

Лаванда

Мирисот на лаванда е убав и комарците не го поднесуваат. Во маслиново, бадемово или некое масло за бебиња, додадете неколку капки есенцијалнои масло од лаванда и тоа нанесете го на вашата кожа. Освен што маслото ќе ја направи вашата кожа мека, ќе ве заштити и од убодите на комарците.

Лимон и лајм

Лимонот и лајмот се совршени за лето. Полни се со витамини и можат да се искористат за одлично летно освежување на пијалоците, но тие се, исто така, одлични и за борбата против комарците. Исечете кришка лимон или лајм и со неа намачкајте го местото на убодот, веднаш ќе почувствувате олеснување.

Напиши коментар