Покрај тоа што е важно да одберете добар костум, многу е важно што ќе облечете под него. Добриот избор на кошула ќе влијае целиот впечаток да биде подобар.
Бела кошула
Секој маж мора да има барем една бела кошула. Таа е класичен дневен избор кој секогаш изгледа добро, речиси со секоја боја костум. Комбинацијата бела копшула и бела вратоврска изоставете ја, освен ако не сте младоженец.
Кошула на пруги
Класичната кошула на пруги е незаменлива за многу пригоди. Без разлика на бојата, доколку пругите се тенки тогаш нема да погрешите со било која нијанса. Секогаш можете да ја комбинирате за на работа со костум, а за излегување со фармерки.
Еднобојна кошула
Во плакарот најдобро е да имате неколку еднобојни кошули во различни бои, истото важи и за маици. Сепак еднобојното најдобро може да се искомбинира со остатокот од гардеробата.