← НАЗАД НА БОЗА

3 Начини да направите гламурозни локни

3 Начини да направите гламурозни локни
839 Читања

Сакате локни во стилот на Аманда Сејфрид? Еве можност да ја остварите таа желба.

Локни со помош на фен

Мократа коса прицврстете ја на темето со стегач или шнола за да не ви смета додека ги обвиткувате прамените на долниот дел од косата околу четката. Почнете да обвиткувате прамен по прамен. Кога ќе завршите, ослободете неколку прамени и продолжете да ги виткате додека не ја извиткате целата коса. Со виткање на поголеми прамени ќе добиете покрупни локни. Избегнувајте да ги виткате прамените до самиот корен на косата, за локните да имаат поубав и поприроден изглед.

Локни со помош на пегла

поделете ја косата на прамени (поголемиот дел од косата фатете го на врвот на главара како во претходниот предлог). Секој прамен од косата завиткајте го околу загреаната пегла. Прамените виткајте ги од лицето кон внатрешниот дел на главата. Кога со пеглата ќе стигнете до врвот на праменот, задржете ја за момент додека косата не се зацврсти убаво.

Ситни афро локни со помош на фигаро

Избегнувајте метални фигара бидејќи така ќе ја оштетите косата. Големите пластични и гумени модели на фигара нема да го оштетат влакното, но затоа ќе потрошите повеќе време. Доколку имате тенка и мека коса најдобри се големите, пластични фигара бидејќи нема да ви ја замрсат косата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk