Здраво тело

3 прегледи, кои можат да ви го спасат животот!

Грижата за здравјето треба да биде приоритет на секоја жена. Кога ќе го земеме во предвид гратдскиот начин на живот, степенот на загаденост на околината и начинот на исхрана, би било разумно барем еднаш годишно да направите систематски преглед.

Освен тоа на некои нешта треба да посветите посебно внимание. Еве кои тестови треба да ги направите:

Папа тест

Кога жената ќе наврши 20 години, или откако ќе стане сексуално активна, треба да го направи овој гинеколошки тест, со кој може да се види дали има необичен растеж на клетки.

HPV  тест

Жените над триесет години би требало, освен ПАП тест, да си направат и HPV тест. Овие два теста во комбинација за зголемуваат можноста за откривање на рак на грлото на матката во 100 проценти од случаите. Ракот бна грлото на матаката најчесто се појавува кај жените на возраст над 30 години, тој како и HPV-инфекциите се почести по 30-тите години.

Мамографија

Во почетокот на третото десетолетие од животот, секоја жена би требало да отиде на мамографски преглед, за да се утврди дали има евентуални канцерогени клетки во рана фаза. Ако имате историја со рак на градата во семејството, задолжително споменете му го тоа на вашиот лекар. Исто така, пожелно е еднаш месечно сами да си направите преглед дома со масажа.

Напиши коментар