Сигурни сме дека секој ден може да одвоите пет минути за вежбање. Пробајте ги овие вежби за затегнување на стомачните мускули и ви гарантираме дека ќе имате поголема самодоверба следниот пат кога ќе го облечете вашиот костим за капење.
1. Наместете се во положба за склекови. Потпрете се со рацете и нозете на подот и наизменично приближувајте го левото и десното колено кон лактите. Важно е да не го подигнувате задникот нагоре туку целото тело да ви биде на иста висина.
2. Легнете на грб, ставете ги рацете на под со дланките свртени кон подот, а нозете подигнати неколку сантиметри од подлогата. Потпирајќи се со рацете на подот подигнете ги нозете кон средината на телото – како да се обидувате да направите свеќа.
3. Легнете на страна, рацете ставете ги на глава, и направете лесни стомачни вежби. Главата подигнете ја и спуштајте ја до висина на градите 30 секунди за секоја страна.
4. Свртете се на страна. Со едната рака (до лактот) потпрете се на подот, а тежината придржувајте ја со испружени стапала. Слободната рака испружете ја над телото, а потоа ставете ја во дупката помеѓу лактот и нозете. Повторувајте ја вежбата 30 секунди за секоја страна.
5. Легнете на подот потпирајќи се на грбот. Испружете ги рацете и нозете. Подигнете го горниот дел од телото од подот така што со рацете ги допирате зглобовите на нозете.
За секоја вежба потребни ви се 60 секунди. Не заборавајте на правилно дишење!
