Тоа што го јадете влијае на целокупното ваше здравје, вклучувајќи го и здравјето на вашата кожа. Ви откриваме намирници кои би требало да ги вклучите во исхраната за да ја задржите кожата блескава и здрава.
Боровници
Тие се богати со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали познати по тоа што предизвикуват болести и предвремено стареење. Освен тоа, спречуваат оштетување на клетките на кожата, и се богати со растителни влакна и витамини Ц и Е.
Ореви
Богати со омега-3 масни киселини кои се одлични за кожата и косата. Косата ја прават сјајна, а кожата мазна.
Домати
Богати со каротеноиди и хранливи материи кои помагаат во забавување на клеточното оштетување предизвикано од слободните радикали.
Калинка
Таа е богата со антиоксиданси кои ѝ помагаат на кожата во производството на колаген, со цел побрзо да се опорави од оштетувања.
Зелен чај
Богат со антиоксиданси, кои помагаат во ублажување на штетите од изложување на сонце. Содржи полифеноли, кои помагаат во регенерирање на клетките на кожата. Богат е со витамини Ц, Д и К, цинк, калциум, магнезиум и железо.
