Прстенот е на раката, датумот е одреден, фустанот е избран, а потоа следува она за што ниедна невеста не се „пријавила“ доброволно – стрес.
Стресот е сосема нормална работа кога се работи за толку важни животни случувања. Но како да го намалите на минимум за вашиот ден од соништата да не се претвори во ноќен кошмар.
1. Плеј-листа
Составете листа од најдрагите работи. Музиката може да го смали стресот дури и поефективно од некои лекови, пренесува магазинот „Womens Health“.
2. Јадете што поздраво
Храната исто така ќе ги „смири“ вашите нерви, а со здравата храна нема дополнително да се оптоварувате со килограмите, кои може да се наталожат.
3. Јога
Жените што ги поминале сите подготовки за најважниот ден, ни шепнаа дека се запишале на јога и дека тоа им помогнало.
4. Чај
Наместо кафе, изберете зелен чај. Тој во себе содржи аминокиселина теанин, која поттикнува опуштање. Исто така, чајот има помалку кофеин, кој може да поттикне тегоби.
5. Сала за вежбање
Вежбите за тело помагаат во заштита против анксиозност и стрес, а го потврдија и истражувањата.