Холестеролот и триглицеридите се масти без кои нема живот, но може да се појави проблем кога ги има повеќе во крвта. Ви предлагаме 5 ефикасни совети за доведување на нивото на холестеролот во нормала.
1. Намалете го внесувањето на масти од животинско потекло (сувомеснати производи, полномасно млеко, масно месо) и хидрогенизирани масти (готови јадења, слатки пецива и колачи).
2. Занимавајте се со физичка активност, особено аеробна (пешачење, трчање, возење велосипед, пливање).
3. Не заборавајте на овоѓје и зеленчук. Препорачливо е да консумирате барем еден оброк со овошје и зеленчук дневно.
4. Контролирајте го притисокот. Насобраниот холестерол во артериите го зголемува крвниот притисок, а тоа го зголемува ризикот од инфаркт.
5. Избегнувајте стрес и пронајдете време за опуштање. Постојаната изложеност на стрес е штетна за здравјето на кардиоваскуларниот систем.
