За секогаш да изгледате средено и убаво, важно е да се грижите и за веѓите. Густите веѓи се особено популарни во последно време. Но, сеедно дали имате густи или ретки веѓи, најдобро е да се добро обликувани. Ние ви носиме 5 совети со кои вашите веѓи секогаш ќе изгледаат совршено.
– Скубете ги веѓите по капење или туширање. Топлината ги отвора порите, а тоа ќе ги го олесни процесот и ќе го направи побезболен.
– – Веѓите скубете ги секојдневно. За да ја задржите убавата форма, секојдневно скубете ги ситните влакна.
– Веѓите скубете ги едномерно. За да бидат изедначени, искубете неколку влакна од едната, а потоа од другата страна. Никогаш немојте да ги скубете вишокот влакна од едната, па потоа да се префрлате на другата веѓа.
– Веѓите е речиси невозможно да се направат идентични, па затоа немојте ни да се трудите тоа да го постигнете. Додека се обидувате да постигнете изедначен изглед би можеле да се занесете и премногу да ги истенчите веѓите.
– Користете огледало со зголемување за подобро да ги видите оние ситни, проблематични влакна кои е најтешко да се искоренат.