Убавина

5 Знаци дека сте одбрале погрешен градник

Истражувањето покажа дека дури 85 жени не знаат да го одберат вистинскиот градник! Еве на што треба да обрнете внимание…

Облечете го вашиот омилен градник, застанете пред огледало и обрнете внимание на следните работи. Можеби ќе биде доволно едноставно подобро да го прицврстите, но можеби е време и целосно да го смените пристапот при избор!

1. Траги на кожата

Ако почнат да се појавуваат црвени траги на кожата по неколку носења  на градникот, тоа е знак дека градникот е мал. Побарајте градник со поширок размер или пак олабавете ги прерамките и прицврстувањето наместете го на најслабо.

Ashley-Greene-GQ-UK-Magazine-Photoshoot-2012-01-1

2. Стуткани корпи

Ако корпите на градникот се стуткани, што најдобро може да се забележи кога ќе облечете тесна маичка, тоа значи дека градникот ви е преголем. Материјалот на корпите треба да ја следи линијата на градите, но ако нема со што да ја пополни, корпата го менува обликот. Пробаје градник со помали корпи или поинаков облик на корпите. Откријте конечно дали носите А, Б или Ц корпа!

3. Се одделува од кожата

Ако долниот дел, односно носечкиот раб на градникот се подига во областа помеѓу градите, тоа значи дека градникот ви е мал. Тоа е чест проблем кај жените со бујни гради, а може да се реши со поголеми корпи. Ако не успевате со корпите, побарајте модел со засилен долен дел, кој изгледа како спортски градник.

4. Се крева на грбот

Ако задниот дел од градникот се подига на просторот меѓу рамениците, тогаш најверојатно проблемот е со прекратки прерамки. Сепак, тоа може да значи дека и градникот ви е реширок, па затоа не може да ги задржува градите. Обидете се со помали броеви или поинаков модел кој подобро ќе се прилагоди на вашите гради.

5. Се преливаат градите

Ако градите ви се преливаат на горниот и старничниот дел од корпата, тогаш се работи за премала корпа. Корпата на градникот би требало да ја покрие целата дојка.

KATE UPTON in Photoshoot by Terry Richardson

Напиши коментар