Сувата и испукана кожа на петите е проблем на многу жени во летните месеци. Бидејќи стапалата налето се изложени на надворешни влијанија, одењето на педикир би требало да биде многу почесто. Доколку тој ритуал за вас претставува преголем издаток, тогаш со неколку правила можете сами да си направите совршен педикир.
1. Мирисна купка
За домашен педикир ќе ви биде потребно етерично масло, мирисна пумлива купка, лосион за масажа на шети и секако сет за педикир. Ако имате лак, прво отстранете го од ноктите, подгответе сад со потопла вода, ставете ја мирисната бомба и неколку капки етерично масло, најдобро одо лаванда, која ќе ја омекне тврдата кожа на петите и опуштете ги вашите стапала.
2. Пилинг за стапала
По 10 минути, нанесете пилинг за стапала. Тоа ќе ви помогне во отстранување на плускавци и тврдокорните делови од кожата. Имајте на ум дека оваа постапка мора да ја повторувате барем три пати неделно за да се омекнат наслагите.
3. Исушете ги стапалата и подгответе ја грицкалката
Истријте ги стапалата со пешкир, почекајте неколку минути и земете ја грицкалката. Не ги сечете ноктитепремногу кратко. Со апликаторот отстранете ги останатите слоеви на нечистотија внимавајќи притоа да не одите предлабоко за да не ги оштетите нервите. Доволно ќе биде да поминете под врвот на ноктот, внимавајќи на аглите.
4. Масажа на стапала
Не ја избегнувајте масажата на стапалата, колку и да ви се чини дека е непотребна. Масажата ја поттикнува циркулацијата, ги опушта мускулите и ја намалува болката. Користете масла за масажа на база на мента која дополнително ќе ја поттикне циркулацијата, а стапалата долго ќе задржат свеж мирис. Масажата започнете ја од петите и продолжете кон прстите со кружни движења преминувајќи надолго и попреку. Посветете подеднакво внимание на двете стапала.
5. Полирање
Користете турпија со различни површини, за почеток ноктите полирајте ги со груба површина а на крајот, со мазниот дел исправете ги рапавите неправилности. Најмалку десет пати поминете преку секој нокт.
6. Нанесување на лак за нокти
Пред нанесување на лакот во омилената тренди боја, ноктите премачкајте ги со слој на лак за основа и заштита. На овој начин бојата ќе остане постојана и до седум дена.
