man fashion

6 хавајски парчиња облека кои морате да ги имате оваа пролет

Облеката која истакува преголеми цветови со силни бои, своевремено стана кич, но оваа пролет се врати во мода! Еве што би требало да имате во вашиот плакар оваа пролет.

Хавајска кошула

Без оглед дали ќе одберете тропски принт мајмуни и банани или цветови во силни бои, важно е само да го разбудите хавајскиот дух во вас. Бидете задоволни во стилот на Ник Слотер.

Маица со хавајски принт

Доколку се определите на поблага варијанта, одберете бела маица која ќе има принт со палми и други тропски елементи.

Весела вратоврска

Никогаш не сте носеле вратоврска, а камоли вратоврска во комбинација со маица. Тогаш вистинско време е да најдете кравата на која е насликана плажа и искомбинирајте ја со хавајска кошула.

Хавајски шешир

До сега сте имале шанса хавајските шешири да ги гледате само на маскембали, сега е вистинско време оваа мода да излезе и на улица. Како моден детал на вашата облека додадете сламен хавајски шешир.

Платнени патики

На вашите стапала ќе им биде пријатно да се одморат од зимските чизми во лесни летни патики. При изборот на платнени патики земете некои со цветови и дополнете ја својата хавајска колекција.

Очила

Штом се појави сонцето нашите очи ги заштитуваме со очила. Колку се потемни толку помалку сончева светлина ќе пробие до нашите очи. Но оваа пролет бирајте очила според изгледот. Одберете некои откачени со пастелни бои.

Напиши коментар