Кој би можел да помисли дека се ова може да се вклопи во 30 метри квадратни?
Сите ние сме различни и секој од нас работите ги прави на поинаков начин, па затоа има и своја визија како би требало неговиот дом да изгледа. Иако желбата на сопственикот на овој стан се чинела речиси невозможна, сепак успеал во она што го замислил, и од тесен простор добил мултифункционален стан.
Но, својот обид, сепа, не можел да го изведе сам. Му била потребна помош од експерт за да ја реализира својата идеја тесниот простор од 30 квадрати да го претвори во удобен и комплетно опремен дом, кој вклучува работен простор, но и простор за гости кои би можеле во него да преноќат.
На помош му пристигнале (по пат на конкурсот кој го објавил) двајца романски студенти по архитектура, кои неговите навидум невозможни желби ги преториле во стварност.
Трансформирањето на првично тесниот простор, со многу паметни решанија, го претвориле во удобен дом кој има апсолутно се што ви е потребно, па дури и повеќе од тоа.
