Art & Crafts

6 трикови за SOS ситуации

Колку пати ви се случило да брзате и баш тогаш токму на Вас Ви пукнува нокот? Најверојатно милион пати!!! Најважно е во тие моменти да не паничите, туку да размислите како да го санирате проблемот и штетата.

Ви преставуваме неколку практични трикови кои ќе Ви помогнат да заштедите време а истовремено да изгледате беспрекорно убави…

Лак за нокти

Доколку сакате лакот побрзо да се исуши, налакираните прсти ставете ги во ладна вода. Држете ги околу 30 секунди, и повторете ја постапката доколку лакот не е се уште сув.

Руменило на лицето

По тренинг или некоја друга физичка активност Вашите образи стануваат по румени од обично. Најверојатно ќе посакате да го ублажите руменилото во најскоро време. Тоа ќе го постигнете доколку, еден пешкир го намокрите со ладна вода, го исцедите и ставите околу вратот околу 1 минута.

Натечени очи

Проблемот со отечени очи ќе го решите со кришки од краставица која претходно сте ја чувале во фрижидер.  Доволно е само 2 минутен третман со ладни кришки краставица и проблемот е решен. Исто така можете да искористите чај од камилица. Сварете чај од камилица, кесичките чај тргнете ги настрана да се оладат и ставете ги врз очите 5 минути.

Иритирана кожа по депилација

Иритираната кожа по депилација најдобро ќе ја смирите доколку се намачкате со хидранта крема. Кремата нанесете ја веднаш по депилацијата и оставете кожата ја впие истата.

Напукнат нокот

За да го решите овој проблем, потребни Ви се лепило за нокти и кесичка чај. Исечете парче од кесичката од чај во форма на Вашиот нокот. Парчето ставете го врз ноктот, одозгора намачкајте го со лепило и оставете да се исуши 2 минути. Потоа истурпијајте го нокотот и наликрајте го во три слоја, првиот слој нека биде најтенок а последниот најдебел.

Отисок на лицето од перница

Со помош на топла вода и хидрантна крема ќе ги тргнете сите несакани отисоци од перницата на Вашето лице. Измијте го лицето со топла вода за да ја зголемите циркулацијата, а пота нанесете хидранта крема и масирајте го лицето 1 минута. Трагите исчезнуваат со секоја секунда.

Write A Comment