Bridal

7 најголеми гревови кои ги прават невестите пред брак

Сите идни невести треба на неколку минути да ја остават својата листа на обврски за свадбата и да прочитаат што никако не смеат да прават. Оваа листа ќе ви помогне да се опуштите и мирно да ја дочекате својата свадба.

Прв грев: Постојано зборување за венчавката

Не мора во секој момент да зборувате за деталите на венчавката. Не треба да бидете опседнати со тоа. Тое е возбудлив период, но нема причина нешто да тргне наопаку. Верувајте дека се ќе биде во ред. Кога некој ќе ве праша за венчавката, одговорете му со една или две реченици.

Втор грев: Загриженост околу тоа дали се ќе биде “совршено”

Сите невести сакаат нивнта свадба да биде колку е можно поубава, па така често кога разгледуваат некои списанија за венчавка сакаат да ги имаат најскапите работи на својата венчавка. Не смеете да заборавите на својот буџет и никоко не смеете да заборавите што значи тој ден: почеток на вашиот заеднички живот со друга личност.

Трет грев: Запоставување на вереникот

Без оглед на сите обврски околу подготовките за венчавката, не смеете да ја запоставите личноста со која стапувате во брак. Козметичарот не смее да биде пред него. Одвоете време еден за друг дури и непосредно пред самата венчавка.

Четврт грев: Сте станале дива

Немојте постојано себе да се ставате во центарот на вниманието и да ги запоставувате потребите на луѓето околу вас.

Петти грев: Надминување на буџетот

Чврсто држете се на буџетот кога купувате за венчавката. Доколку претерате, ќе уживате смо тој еден ден, а потоа со месеци ќе ги плаќате долговите.

Шести грев: немојте да предвидувате дека на вашите родители им е тешко

Вашата венчавка е голема пресвртница во животот на вашите родители, без оглед на тоа колку сте стари и тие и вие. Вашата венчавка е сигнал на промената на нивниот идентитет – од родители до потенцијални баба и дедо.

Седми грев: Претерана диета

Немојте да дозволите да бидете уморни на најубавиот ден во својот живот.

Доколку веќе сте на диета, не внесувајте помалку од 1.200 калории на ден.

Write A Comment