Убавина

7 Правила за депилација со восок

Без разлика дали восокот го користите во текот на целата година или само сезонски, овие правила во врска со депилацијата со восок не смеете да ги заборавите. Нашите совети ќе ви го олеснат болниот третман и ќе ви помогнат да избегнете осип и претерано црвенило.

1. Пред депилација немојте да пиете кафе

Ако имате закажан утрински термин, прескокнете го вашето кафе со млеко. Експертите тврдат дека кофеинот ја појачува болката. Истото важи и за алкохолот.

2. Скокнете под топол туш

Ако имате време, пред самата депилација истуширајте се со топла вода. Пареата ќе ги отвори порите па влакната полесно ќе се вадат.

3. Направете пилинг

Пред третманот направете пилинг за да се отстранат мртвите клетки од кожата.

4. Одете на депилација недела дена по менструацијата

По секоја цена избегнувајте ги “критичните денови”, бидејќи тогаш сте најчувствителни на болка.

5. Не користете брич помеѓу третманите

Ако сте се одлучиле за депилација со восок, бидете доследни на тоа. Ако се избричите недела дена пред третманот, депилацијата ќе биде поболна, а резултатот нема да биде ист бидејчи влакната ќе бидат со различна должина и најверојатно ќе бидат пократки.

6. По депилацијата избегнувајте полиестер и останати вештачки материјали

Користете памучни гаќички, сукњи и панталони од памучен материјал. Важно е кожата да дише.

7. Негувајте ја кожата

За нега на кожата по депилација, најдобри се гелови со смирувачки алое вера, бебешки масла или пак хранливи креми за тело. Избегнувајте парфимирани лосиони и креми кои би можеле да предизвикаат воспалителни инфекции.

Write A Comment