← НАЗАД НА БОЗА

7 разлики помеѓу дечко и сопруг

7 разлики помеѓу дечко и сопруг
802 Читања

Кога се забавувате со дечко, најчесто мислите дека е совршен. Толку сте заљубени што не можете да видите некои очигледни работи. Сепак, луѓето се многу променливи за некои работи. Некои од вас сигурно добро знаат на што мислиме, а некои сеуште немале такво искуство. Затоа Вам ви ги откриваме во што се разликува дечко од сопруг.

Дечкото сака да се “дружи”, додека сопругот сака да биде со вас

Вашето момче ќе ве праша – сакате ли да се “дружите” што подразбира забавување без многу големи обврски. Сопругот ве води и закажува состаноци и знаете кои му се намерите. Тој сака да биде со вас поради вас самите.

Разговорите со вашиот сопруг се суштински, интимни и длабоки

Момчето ќе ви раскажува приказни за други луѓе, ќе прави шеги со луѓето околу вас и ќе ви кажува вицови, бидејќи не може да се поврзе со вас на подлабоко ниво. Сопругот сака да разговара со вас за книги, филмови, музика и други заеднички интереси.

Со сопругот се карате помалку

Момчето реагира на вашиот став, го сфаќа лично и ви возвраќа уште пожестоко сè додека тоа не прерасне во поголема расправија. Сопругот може да го разбере вашиот став и да ве смири. Ова е посебно важно кога минувате низ некаква криза или кога сте имале тежок ден на работа.

На момчето вашиот изглед му е многу важен

Момчето обраќа многу внимание на изгледот и ќе ви зборува секогаш кога нема да бидете перфектно средени. Сопругот разбира дека секој мора да има добри и лоши страни и нема да ве прекори ниту помалку ќе ве сака ако не сте совршено средени.

Сопругот го знае значењето на зборовите „Те сакам“

Момчето ќе ви се “извини” само кога ќе сака да се разведрите и да прекинете да му досадувате, и ќе ви каже “те сакам” бидејќи не сака да ве изгуби, дури и кога не го разбира вистинското значење на овие зборови. Сопругот ќе ви рече “извини”  само кога навистина ќе му биде жал за нешто, а “те сакам” само кога тоа навистина ќе го мисли, додека тоа ќе го покажува на дело константно.

На момчето не му се потребни познанства со вашите пријатели

Момчето не сака да ги запознава вашите пријатели, бидејќи сака што повеќе време да поминува со вас. Сопругот сака да му зборувате за своите пријатели и сака да ги запознае, како што сака и вие да ги запознаете неговите.

Момчето ретко кога ве слуша внимателно

Дечкото ретко кога внимателно ве сослушува што му зборувате. Тој клима со главата додека вие зборувате, а потоа ја менува темата или ви го кажува она што сакате да го слушнете. На сопругот му е важно она што му го зборувате. Тој сака да знае што мислите за нешто, макар тоа била и најмалку важната работа на светот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk