Доколку сте бремена, постојат одредени знаци по кои ќе можете да препознате кој е полот на вашето новороденче.
Кои се овие знаци?
Колку се тие релевантни?
Да признаеме дека правени се анкети за препознавање на овое знаци, но шансите се 50%, 50%. Но се разбира , најсигурната метода е да се направи снимка, но сепак некои родители не сакаат однапред да знаат кој е полот на детето. Еве неколку можни знаци дека носите момченце!!!
1. Висок или низок плод
Најпрепознатлив знак е дека, машките плодови, се носат ниско. Но има и многу жени кои ќе го негираат овој фактор. Не постои ниту некоја посебна причина, зошто машкиот плод може да биде пониско поставен…
2. Доколку урината има порозева боја
Впрочем, може и од бојата на урината да се погоди , дали носите момче или девојче. Доколку бојата е порозева – тогаш е машко. Па доколку не ви е мачно, проверете си…
3. Слатко и кисело
Едни од забележливите знаци дека имате момче се: немате многу апетит, но сакате постојано јадењето да го дегустирате и да биде вкусно. Доколку е девојче, ќе имате поголема потреба од слатки јадења.
4. Десната брадавица
Големината на брадавиците, е еден од 100% најточните методи за проверка на полот. Десната града е поголема во тој случај. Иако повеќето жени и природно немаат изедначена величина на гради, сепак, доколку ја забележите таа необична промена, можете да се надевате дека е вистински знак.
5. Клучот на мистеријата
Тестот навистина се однесува на вистинскиот ваш, личен клуч. Ова малку преоѓа во суеверие и делува чудно но го земаме во предвид… Доколку кога го земате клучот, го фаќате за округлата страна , тогаш е машко, а доколку го фаќате на врвот, тогаш се работи за женско, па проверете.
6. Прашајте некое дете
Се претпоставува дека, за полот на детето , можете да дознаете така што ќе побарате помош од мало девојче. Доколку покаже наклоност и се упати кон вас, тогаш е момче, ако не тогаш е девојче.
7. Ладни стапала
Ова не се работи за тоа какви ви се стапалата, во текот на бременоста. Се вели дека, жената која има ладни стапала, има поголема веројатност децата да и бидат машки. Непознат е до сега фактот некоја мајка која има само синови, да не пати од оваа појава.
Овие факти кои ги наведовме, не мора да се сфаќаат премногу сериозно , и здраво за готово, сепак, доколку проверувате, се надеваме дека барем ќе ви биде забавно.