Здраво тело

8 факти за дишењето кои мора да ги знаете !!!

Здивот или дишењето е потенцијален лек и подмладувач на тело, кој директно реагира на нашите барања. Како што знаеме, дишењето е примарна потреба и без дишење нема живот.Повеќето луѓе дишат погрешно, т.е. плитко. Со следниве факти, ќе смените многу погледи во врска со она што Ви се чини толку едноставно…дишењето !

1. Дишењето е првата реакција на телото- Вашиот здив, прв реагира и се прилагодува на ситуацијата. Без разлика дали мислите, чувствувате,гледате, здивот следи сé и тесно е поврзан со физичката и емоционалната состојба на личноста.

2. Проверете ја длабочината на дишењето– Дали дишете само до средината или до долниот дел на градите? Можеби кај некој здивот се задржува и во подрачјето на рамената. За да го разбереме дишењето, прво треба да откриеме какво е нашето дишење. Правилото дишење треба да доаѓа од стомакот. Полна инхалација е кога стомакот, а потоа и белите дробови се полнат со воздух. Ставете ги рацете на стомакот и чувствувајте како се полни и се празни со воздух.

3. Заборавете и продолжете понатаму со опуштено издишување– продолженото издишување во стресните, збунувачки и вознемирувачки ситуации може да доведе, може да биде од голема помош да дојдете при себе. Кога бавно вдишувате, создавате филтер зона од стрес и лоша енергија, а со издишувањето ја отстранувате од телото.

4. 70% од отпадот поминува низ белите дробови– иако се смета дека со уринирањето и потењето ги исфрлаат повеќето штетни супстанци, сепак преку  дишењето и белите дробови се прочистуваат 70% од истите. Кога неправилно дишеме,не ги исфрламе сите отрови од организмот а нашите клетки не добиваат доволно кислород.

5. Квалитетното дишење ги отстранува стравот, лутината и тагата- ако доживееме стресни ситуации, дишењето станува вознемирено. За да ја спречите ваквата појава дишете со органите. Ова звучи чудно, но по Qi Gong, лошите емоции се отстрануваат при дишењето со органите. За да се решите од тагата, дишете со белите дробови, за да се решите од стравот дишете со бубрезите, а за да се решите од лутината, дишете со црниот дроб. Дишењето мора да биде бавно и длабоко, за позитивната енергија да влезе во органите.

6. Носот е за дишење – устата за јадење…За ова правило нема објаснување. Се е јасно. Правилно дишење е она преку нос.

7. Почувствувајте пауза меѓу вдишувањето и издишувањето. Не брзајте! Кога дишете бавно, чувствувате природна пауза.Не форсирајте ништо, пуштете само да ви дојде.

8. Дишењето не е само за белите дробови – дишењето е за целото тело. Телото е направено од милијарда клетки и на секоја и е потребен кислород. Потрудете се секоја клетка да добие.Со плитко дишење тоа не може да се постигне, а докажано е дека плиткото дишење влијае на памтењето, т.е. ја намалува меморијата.

Напиши коментар