Motherhood

8 совети за пролетно чистење на куќата

Ви треба едноставно решение да го средите својот дом и гардероберот оваа пролет? Експертите даваат 8 совети и начин кој ќе ви го олесне чистењето оваа пролет.

1. Дадете и втора шанса на старата облека – Пред да се решите да одвоите поголема сума финансии за нова облека оваа пролет, погледнете во гардероберот што имате од малку постара облека. Ви се допаѓа таа блуза, но не можете да ја носите бидејќи има флеки од мастило? Пред да ја исперете, потопете ја преку ноќ во кофа со две третини млеко и една третина бел вински оцет и флеките ќе ги снема.

2. Спремете средства за чистење –  Немојте да губите време во барање на средства за чистење. Ако имате повеќе купатила, добро би било во секое да го имате истиот сет на средства како за во кујна. Така ќе заштедите доста време.

3. Наместо салфети користите весници –  Хартиените слафети не се добри за бришење на површини бидејки неможеме добро да го избришеме маслото да речеме, а поготово стаклото. Но весниците можат да продрат до маслото, да го соберете и стаклото да го направите многу по сјајно. За чистење на прозорите се препорачува да се користат весници и спреј за стакло со алкохол, бидејки на тој начин најлесно ќе ја исчистите пшрашината и маснотијата.

4. Внимавајте на боите пред перење на алиштата – Најкомплицираниот дел од перењето е сортирањето и одвојувањето на облеката според бојата. Но ако не можете тоа да го правите бидејки немате време или пак имате премногу облека, можете да перете разни бои заедно ако додадете оцет со прашакот. Киселината во белиот вински оцет ја уништува алкалноста на детергентот и го прави чистењето по ефективно. Киселината исто така може да додаде свежина на облеката и лесно пробива до остатоците од дезодоранси и пот. Миризбата од оцет ќе ја снема кога облеката ќе се исуши.

5. Исчистете ја вентилацијата – Кога ќе ја исчистите вентилацијата во куќата, наполнете ја со восок за автомобил. Така прашината нема да се собира брзо и воздухот ќе циркулира многу подобро.

6. Одржувајте се суво – Повеќето луѓе мислат дека би требало површините да се поминат со влажна крпа, но експертите препорачуваат да користите сува крпа од микрофибер и со неа да ги бришете површините, секако со мала помош на детергент за секој тип на површини.

7. Одстранете го отстоениот мирис на воздухот во куќата – Ништо подобро од свеж пролетен воздух во куќата. Меѓутоа, иако ги отворите ширум прозорите, да се “отарасите” од зимската одстоеност на воздухот, морате да користите додатни средства. Природните свеќи најдобро ќе го прочистат воздухот а оние со мирис на лаванда ќе донесат нова димензија и свежина во куќата, дури и многу повеќе од оние со мирис на лимон, тврдат експертите.

8. Изборете се со флеките со помош на паста за заби – Ако вашите деца повторно го исфлекаат зидот со боици, експертите советуваат да натапкате паста за заби со салфета да ги отстраните флеките. Со оваа постапка можете да ги исчитите и чевлите, дното на пеглата или хромираните површини на куќата за да станат посјајни.

Напиши коментар