Убавина

8 трикови за убавина кои секоја жена треба да ги знае!

Знаеме дека понекогаш е напорно да се биде жена, но затоа сме ние тука, максимално да ви ја олесниме таа работа…

Иако би биле најсреќни да се разбудиме со совршен тен и уште посовршена фризура и без мака да изгледаме беспрекорно, во женскиот свет тоа не е така. Но сите ние тоа добро го знаеме. За сите ние да изгледаме многу подобро, собравме неколку совети кои секоја жена би трело да ги знае.

1. Леплива трка против вишокот сенка. Знаеме колку е иритирачки кога образите ви се полни со нијанси, сјај и светки кои паѓаат при нанесување на сенка. Тој вишок едноставно отстранете го со малку леплива трака. Бидејќи овој дел од лицето не би требало да изгледа како диско кугла.

2. Лажица против темни кругови околу очите. Уморните и потечени очи, како и темните кругови околу очите ќе ги спречите со ладни облози. Немојте парите да ги фрлате на самите облоги. Едноставно во фрижидер или замрзнувач ставете две лажици и оставете да се оладат, а потоа држете ги на очите. Или две лажици секогаш држете во фрижидер за во секое време да бидете подготвени да реаѓирате.

3. Ладна купка за експресно суви нокти. Ако сте во брзање, а сакате да ги налакирате ноктите, за побрзо да ги исушите ставете ги во сад со вода и лед. Верувајте, ноктите ќе бидат суви за помалку од минута.

4. Пилинг за усни. Сакате вашите усни секогаш да бидат негувани и спремни за бакнежи, подгответе сами пилинг за усни. На малку шеќер додадете и мед и капнете некоја капка маслиново масло, добро измешајате и нанесете на усните со кружни движења.

5. Прилагодете ја пудрата според бојата на тенот. Ако сте во овие топли денови често на сонце и лесно добивате боја, вашата пудра најверојатно многу наскоро ќе стане премногу светла. Едноставно, додадете малку темна пудра и ќе дојдете до новата нијанса.

6. Аспирин за испукани петици. Ако ве мачи грубата и испукана кожа на петите, здробете 5 аспирина, помешајте ги со малку свежо исцеден лимонов сок и добиената смеса нанесете ја на петите. И проблемот наскоро би требало да исчезне!

7. Паста за заби за побели нокти. Земете паста за белеење на забите и нанесете ја на ноктите и оставете да делува 5 минути. Кога ќе ја исплакнете, вашите нокти ќе бидат побели и посовршени за лакирање.

8. Парфем за миризлива коса. Сакате да се ослободите од непријатната миризба на косата, како мирис од кујната, печење и дим, испрскајте ја четката за коса со омилениот парфем и темелно исчешлајте ја косата.

Напиши коментар