Денес се навршуваат 125 години од кога во 1889 во Париз е завршена Ајфеловата кула, тогашна највисока градба во светот.
Металната кула со висина од 300 метри (сега е околу 320 метри поради антената за телевизија и мобилна телефонија), планирана е во прво време како експонат и воедно и главна капија за влезот на Светската изложба која ја обележувала 100 годишнината од Француската револуција.

Кога кулата била изградена, многу Парижани ја сметале за гадотија која треба да се отстрани. Сепак сплет на околностите довеле до фактот дека е веќе долго еден од најглавните симболи на тој град и е своевидно ремек дело.

По двегодишна градба, инаугурирана е на 31 март, а свечено е отворена на 6 мај 1889. Од таа година до денес е најпознатиот симбол на Париз. Годишно ја посетуваат преку 5 милиони луѓе. Името го добила по својот инженер Гиставо Ајфел кој го предводел тимот од експерти, а претходно се истакнал како градител на мостови и вијадукти на железниците, но и металната конструкција за Кипот на Слободата во Њујорк.

Сестраниот Ајфел се истакнал и во научни студии од областа на метеорологијата, радиотелеграфијата и аеродинамиката. А на кулата сред Париз го носи неговото име, оод кои на посетителите им се располага и два ресторани, “Висина 95” кој се наоѓа на точно толку метри и “Жил Верн” кој се наоѓа на вториот спрат.
Во продолжение погледнете го видеото како се градела Ајфеловата Кула.
