Здраво тело

Ако пушите, мора да внесувате витамин Ц!

Пушачите кои не можат да се овикнат од овој порок, мораат да внесуваат повеќе витамини Ц во организмот. Дневно доза од 1000 милиграми, витамин Ц, го одржува на здраво ниво витаминот Е, кој е многу важен за одбрана на белите дробови, од штетното внесување на димот од цигарите.

Витаминот Е, е антиоксиданс, ама димот од цигарите го претвара во материја, штетна за организмот. Сепак со редовно внесување на витаминот Ц, витаминот Е успева да ги изврши своите фукции.

Одлични извори на витаминот Ц, се Пиперките, зелката, помаранџата, лимонот, кивите и др.

Овој витамин е осетлив на светлост, воздух и температура, па затоа најдобар ефект се постигнува со употреба на свежи, сурови намирници.

Околу 25% витамин Ц, се губи со готвење, од само неколку минути. Истата загуба, настанува и со смрзнување и одмрзнување на зеленчукот и овошјето. При готвењето од 10-20 минути, се губи повеќе од половина витамин Ц.

Напиши коментар