Мојата кујна

Алва од гриз

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 филџан за кафе масло за готвење (или 60 г путер)

* 2 филџани гриз

* 3 филџани шеќер

* 4 филџани вода

* малку сечкани ореви (по желба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Гризот и оревите се стават во сад и на оган се пропржуваат се додака не се осети мирис на пржено (треба малку да порумени).

Во садот се додава маслото (или путерот), кратко време се пропржува, па се додава шеќерот. Смесата повторно кратко време се пропржува се додека шеќерот не почне да се карамелизира.

Пржењето треба да се одвива на слаб оган и со константно мешање за да не загори). На крај се додава целата вода (одеднаш) и се меше се додека смесата се згусне.

Модлите се премачкуваат со тенок слој масло за готвење, се полнат со смесата и се оставаат да се оладат. По желба, се наросува со сечкани ореви.

Добар апетит!

Write A Comment