Контраверзниот манекен ги запали своите фанови, кога на инстаграм откри дека подлегнал на естетската хирургија.
Иако последниот пат кога дошол во Белград изјавил дека никогаш не би направил пластична операција, андрогениот модел со српско потекло Андреј Пејиќ изгледа сепак се решил за силиконски усни кои се тренд низ целиот свет.
Андреј во светот на модата се смета за еден од водечките и најплатените модели, а тоа по што се истакнува, освен што е андроген, е и неговата природна убавина, па сите негови пријатели се зачудиле зошто ги напумпал усните.

