ШоуБиз

Анџелина Џоли: Ме чекаат уште операции во борба против ракот

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли минатата пролет направи двојна превентивна мастектомија откако лекарите откриле дека постои голема опасност од тоа да добие рак на дојката.

Тестовите кои ги направила покажале дека поседува BRCA1 ген поврзан со рак надојката, болест од која и најзината мајка почина на 56 години. По тој повод, Анџелина Џоли во натписот објавен во “Њујорк тајмс” открива дека од лекарите дознала дека постои 87 проценти шанса за добивање на рак на дојката и 50 проценти шанси за добивање на рак на јајниците.

Меѓутоа, минатогодишната операција ја заштити актерката само од големиот ризик да добие рак на дојката, додека шансите да добие рак на јајниците се суште големи.

“Постои уште една операција која ме очекува”, изјавила актерката. “токму сега собирам совети од прекрасни луѓе од целиот свет со цел што поуспешно да го поминам следното ниво”.

Таа додала дека својата приказна ја поделила со јавноста со цел да ги охрабри другите жени повеќе да се грижат за своето здравје.

“Се одлучив да не ја задржувам својата приказна во тајност бидејќи постојат многу жени кои не се свасни дека живеат во сенка на ракот. Се надевам дека и тие ќе бидат во можност да се подложат на тестирање како и јас, и доколку се изложени на ризик ќе знаат кои опции им стојат на располагање”.

Напиши коментар