Познатата актерка се врати на снимањето откако нејзиниот сопруг Бред Пит се врати од Лос Анџелес и ја превзема грижата околу децата.
Нејзиниот сопруг, оскаровецот, штотуку се врати од Лос Анџелес за да го помине времето со неа и со нивните деца. Но обрските викаат. Анџелина продолжува со снимањето на филмот “Unbroken” во Австралија.
Џоли и нејзините шест деца се сместени во Австралија од ноември минатата година, а нејзиниот 50-годишен вереник Бред доаѓа и заминува, колку што обврските му дозволуваат.
Бред во вторникот се врати во Сиднеј, откако неговиот филм доживеа голема победа на “Producers Guild Award” кој се одржа во Беверли Хилс за време на викендот.
Улогата на Анџелина во филмот е многу тешка така што помошта од сопругот е неопходна.
Премиерата на филмот се очекува во декември оваа година, а Анџелина и Бред се трудат слободното време во Австралија што поквалитетно да го искористат.