ШоуБиз

Анџелина Џоли зборуваше за реакциите на мастектомијата

Анџелина Џоли е подготвена за премиерата на новиот филм кој ќе се појави во мај, а зборуваше и за реакциите по мастектомијата.

Во мај, се очекува премиерата на филмот “Maleficient”, во кој главната улога ќе ја игра Анџелина Џоли.

38-годишната актерка минатата година беше подложена на двојна мастектомија. Се присети на реакцијата по операцијата.

“Каде и да одев, ми приоѓаа жени со здравствени проблеми. Повеќето од нив имаа рак на дојката или рак на јајниците. Разговарав со мажите во врска со здравјето на нивните ќерки и сопруги. Сето тоа ме доближи до луѓето кои ги делат истите работи, кои ги изгубиле своите родители или се борат за своите деца. Ме допре љубезноста и поддршката на толку многу луѓе”.

Напиши коментар