Мода

Armani Prive висока мода есен/зима 2014

Тема на колекцијата есен/зима 2014 на брендот беше комбинација на бои – црвена, бела и црна, како одраз на елеганција. Целата поставка и ревијата започнаа со елегантни парчиња, како капути, блејзери и здолништа во форма на молив, по кои брендот Армани е познат. Дозата на луксуз која ја очекувавме од оваа линија на брендот се лакирани оригами облици кои декорираат геометриски обликувани јакни. Преку целата колекција се провлекува совршената јапонска естетика.

 

Write A Comment